Живот и стил

Ти благодарам што си дел од мојот живот!

Драга моја! Во нашите гени има врежано да бираме луѓе за пријатели кои ни се слични. А ти си една од нив за мене.

Во ова сурово време на лаги и измами, ти си ми најсветлата точка. Од кога те запонав тебе научив дека повеќето луѓе се лажливи, користољубиви, без ни малку човечност во себе, зашто ти ми го покажа токму спротивното.

Пред тебе никогаш не се плашам искрено да зборувам за сите нешта кои ми значат, за сите оние нешта кои знаат да ме растажат, за се она што на некој начин го претставува мојот живот. Ти си навистина посебна личност. Покрај тебе се чувствувам толку смирено, знам дека никогаш не би ме повредила намерно.

Повеќето луѓе знаат да го исцедат човекот до последна капка, да навлезат длабоко во неговата интима, да ја искористат неговата слабост и на крај сите тие нешта да ги искористат против него. Повеќето се такви, но не и ти. Кај тебе ми се допаѓа начинот на кој им пристапуваш на луѓето, твојата искреност и способноста да им прикачиш насмевка на лицето и сигурност во срцето.

А јас… јас секогаш ќе ти бидам благодарна затоа што ти ми подаде рака кога бев сама во остварувањето на моите соништа. Не ме познаваше, но сепак, застана до мене и ми даде поддршка. Сега си моја најблиска пријателка, голем дел од мојот живот, нераскилнив, единствен момент кој умее да трае…

Ти благодарам за пријателството и за искреноста. Чест ми е што си во мојот живот. Запамети го ова: И покрај тоа што животот ќе ни ги раздели нашите патиштата ти го имаш моето искрено пријатество, јас твојата бескрајна искреност.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ