Фудбал

Црвена Ѕвезда го изненади Вардар Неготино, Победа лесно мина со Дојранско Езеро

Попладнево на Градскиот стадион Гоце Делчев фудбалерите на Победа стигнаа до 16-ттиот триумф во годинашното првенство на Третата лига. Во рамките на 19-ттото коло избраниците на тренерот Дарко Крстески со рутинирана игра во текот на сите 90 минути славеа висока и целосно залсужена победа над составот на Дојранско Езеро со 5-0, полувреме 3-0.

Во натпревар во кој победата во ниеден момент не беше доведена во прашање, Мегленски и соиграчите доминираа на теренот постигнувајќи 5 голови, а пропуштија барем уште 3-4 изгледни прилки за победа и со двоцифрен резултат. На водството во 18-тата минута му кумуваше една комична ситуација-гостинскиот голман ја промаши топката на 7-8 метри во обидот да ја ,,испуца,, и практично му ја остави на Игор Мирчески со неа да се прошета до мрежата.

Зголемувањето на водството стигна со голот на Никола Шаркоски по неговиот пробив во левата страна а на полувреме се замина со 3-0 со вториот гол на Игор Мирчески кој успешно реализираше од петерецот. Во вториот дел најуваб момент беше 4-тиот гол на ПОБЕДА-вистинска мајсторија на Аломеровиќ кој со левата нога пласираше од 17-18 метри во спротивниот агол на гостинскиот голман. До крајот видовме убава прилика на Шаркоски кој промаши зицер од 4-5 метри(со глава биеше над пречката) а конечните 5-0 ги постави Дејан Здравески(и за него првенец пролетва) по одличниот соло пробив по десната страна. Со оваа денешна Победа прилепскиот состав и математички го обезбеди првото место во Третата лига но сигурно до самиот крај ќе игра максимално мотивирано на преостанатите натпревари до крајот на сезоната подготвувакќи се за најзначајните натпревари во сезона-баражите за влез во Втората лига.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ