Фудбал

Дали ќе се повторат 12-1 од пред 4 години: Победа – Борец битка за Прва лига

Победа

Победа или Борец, кој ќе игра следната сезона во Првата лига? Тоа е дилемата која денеска ќе се решава во Струмица, во бараж меч кој почнува во 16:30 часот.
Прилепчани можеби се во улога на мал фаворит, тие немаат друга опција освен победа. Минатата сезона во елитата завршија на 8. Место и затоа сега играат бараж.

Борец пак прво во „полуфиналето” го елиминираше Гостивар и еве го денеска во финалето со екстра мотиви. Велешани оваа шанса ја чекаат речиси ве децении.

И во таборот на двете екипи владее оптимизам, верба дека токму тие ќе победат и во следата 2018/2019 сезона ќе играат во Првата лига.

Денеска во Струмица, и двете екипи ќе имаат поддршка од своите верни фанови, влезот е 50 денари а се очекува голема битка, битка која значи Прва лига.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ