Фудбал

Победа во карантин пред баражот со Борец

Победа

Фудбалерите на Победа денес претпладне отпатуваа за Струмица каде во карантин ќе го дочекаат саботниот бараж меч со Борец.

Попладнево избраниците на Шефот на Стручниот штаб Тони Мегленски го одработија тренингот на одличниот терен во Турново, додека за утре попладне планиран е тренинг на Стадионот Младост во Струмица.

Стадион кој е „таличен“ за победашите и на кој сезонава паднаа:Вардар, Шкендија, Силекс… Атмосферата во екипата е на максимално ниво и со нетрпение се очекува овој меч кој е во овој момент од судбоносно значење за клубот.

Квалитетот е неспорно на страната на Победа и тој само треба да се материјализира во саботните 90 минути. Ништо помалку-ништо повеќе.

Се да се решава на зелениот терен каде свесни за своите квалитети и од друга страна значењето на овој меч за иднината на клубот фудбалерите, кои во сабота ќе настапат со бела спортска опрема, се очекува да ја оправдаат фаворитската улога и на крајот со очекуваната армија свои навивачи заедно да слават прволигашки статус и следната сезона.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top