Кошарка

“Леле луѓее што направивне” емотивно се прости од националниот дрес (ВИДЕО)

Натпреварот со Словенија на Европското првенство ќе биде запишан како последен на еден од најдобрите играчи во македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски.

Тој скршен од тага и со солзи во очите се поздрави со навивачите после завршувањето на мечот, а одлуката за крај ја соопшти на пресконференцијата.

Дуелот против Словенија беше последен натпревар за мене во македонскиот дрес. Многу сум горд што бев со селекцијата во добро и лошо. Особено многу ми е драго што бев капитен и лидер на овој состав на ЕП кој беше доста млад и неискусен. Во репрезентацијата поминав низ се и сешто и им благодарам на сите репрезентативци за поддршката и посакувам на селекцијата се најдобро во иднина.

Плејмејкерот покрај посветеноста и едноставноста во играта ќе биде запаметен по победничкиот кош во Литванија против домаќинот во четвртфиналето и зборовите „Леле што направивме“ по натпреварот. Едно биди сигурен Владе, Македонија не ја заборава 3-ката против Литванија и историското “Леле луѓее што направивне”. Секоја чест, треба да си репер за помладите како се гине и што значи да се носи национален дрес. Секоја чест !



Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ