Ракомет

Лазаров: Нешто ни фали!

Во убав натпревар кој беше повеќе од неопходен по поразот од Хрватска, нашите најдобри ракометари ни пружија прекрасна претстава во која сепак на крајот Норвешка успеа да се спаси.

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров изјави дека воопшто не е задоволен од ремито 31-31 со Норвешка, затоа што Македонија пропушти шанса за победа и покрај петте голови предност до 46-та минута.

Полувремето заврши со 17:13 за нашите момци. Во вториот дел Норвежаните се опоравија, и во финишот на мечот успеаја да израмнат, па дури и да поведат со гол разлика. Сепак во финишот на мечот израмнивме на 31:31 и повторно имавме напад за победа, но во последните секунди Норвежаните успеаја да се одбранат.

Лазаров порача дека жали што пропушти Македонија да победи.

Жал ми е што пропуштивме уште една шансза. За беља сме родени ние Македонците. За другите правиме сѐ, за нас не знаеме. Рано е за анализи, но Белорусија мора да ја добиеме како знаеме. Еден детал, денеска почнавме со една замена, за разлика од Хрватска и добивме на сигурност. Покажавме дека Знаеме да играме ракомет, имаме карактер, имаме играчи, покажавме дека сме тактички спремни. Но, не издржавме. Не ги задржавме тие пет голови и не може да бидеме задоволни со еден бод. Жал ми е. Нешто ни фали, што треба да го проанализираме. Големи тимови веднаш ги детектираат проблемите.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ