Фудбал

Втора победа во пријателските натпревари:Победа-Вардар Неготино 2-1(2-0)

Денес напладне на теренот со вештачка трева екипата на Победа во 4-тиот контролен натпревар ја забележа втората победа. Третолигашот Вардар од Неготино беше совладан со 2-1, полувреме 2-0.

Во комбиниран состав без повредените играчи и неколку фудбалери кои стручниот штаб реши да ги одмери црвено-белите без многу напори стигнаа до втората победа во пријателските натпревари. А головите кои ги постигна Победа одат на душа на гостинскиот голман Ристов кој најпрвин во 24-тата минута(за 1-0) ја испушти топката од раце а во голот од гол линијата ја втурна Мирчески.

Пет минути подоцна од 17-18 метри биеше Христијан Петрески по средината на голот но на неспретниот Ристов топката ми помина низ нозе и заврши зад неговиот грб за 2-0. Гостите намалија за конечни 2-1 во 60-тата минута по одличната соло акција на Шишков.

Победа:Јованоски, Богоески, Николоски, Колески, Велјаноски, Мегленски, Х.Петрески, Иваноски, Митрески, Мирчески и Гешоски. Во вторите 45 минути играа уште:Карчески, Дунимаглоски, Д.Котевски, Д.Котески и Тодороски. Утре следи слободен ден, а следната пријателска средба е в недела во Охрид со српскиот прволигаш Радник од Сурдулица.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ