Свет

Му експлодирала електронска цигара и му нанела тешки повреди на лицето!

Момче од Келн (20) било тешко повредено откако му експлодирала електронската цигара. Тој се здобил со исеченици и изгореници и изгубил неколку заби. Момчето пред експлозијата купило нови резервни делови за цигарата помеѓу кои била и новата батерија.

А потоа уште при првата употреба цигарата експлодирала. Сето тоа се случило минатата сабота. Случаевите за експлозија на електронска цигара се познати и од претходно во САД. Слични повреди претрпел и маж од Флорида пред четири години. Тогаш експлозијата била предизвикана од батеријата која предизвикала и пожар во домот на жртвата. Слично нешто било забележано и во Канада, каде експлозијата на е-цигара тешко повредила еден маж. Повредите на лицето тој ги споделил и на друштвената мрежа Twitter.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ