All for Joomla All for Webmasters
Мистерии

Во Македонија се крие најголемата светска мистерија

На планината Кожув се наоѓа рудникот Алшар кој е единственото наоѓалиште во цел свет на минералите Лорандит и Талиум. Лорандитот се смета дека директно потекнува од јадрото на Сонцето(неутрино тајна честичка).

Минералот лорандит претставува најголемата тајна на човештвото а се наоѓа токму во Македонија, и се претпоставува дека од него може да се добие вештачко сонце. За лорандитот знаел и големиот Александар Македонски, при што како што пренесуваат преданијата фалангата ги премачкувала своите штитови со лорандит. Во битките кои тој ги водел секогаш точно на пладне, и со движењето на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кои ја заслепувале противничката војска. Не е случајно што војниците во македонската фаланга на своите штитови имале изгравирано сонце.

Од тука се претпоставува дека потекнува и култот на Македонците кон Сонцето. За рудникот Алшар освен што знаел Александар Македонски, има извештаи дека за рудникот знаеле и се вршеле ископини во Римскиот период како и во Османлиската империја и Втората светска војна.Освен лорандитот и талиумот во Алшар се претпоставува дека има повеќе од 70 минерали и кристали меѓу кои се и антимон, арсен.

ВРВОТ