Фудбал

Црногорецот Бубања се збогува со Победа ?!

Останува ли Победа без шеф на стручниот штаб, без Славољуб Бубања? Имено, како што истакнува и самиот за „Македонски спорт“, тој имал разговори со раководството на прилепчани и сѐ уште дефинитивно не се знае дали ќе ја води екипата во иднина.


„Јас сум веќе во Црна Гора, мислам дека во наредните седум дена ќе се знае што со мене и што со Победа. Шансите и натаму да бидам тренер или да поднесам оставка се некаде 50:50%“, вели Бубања.

Засилувања и, секако, редовна исплата, Сепак, за да остане во Победа, тој смета дека некои работи итно мора да се променат.

„Јас искрено мислам дека со три-четири адекватни засилувања, со по едно на секој дел од тимот, можеме без проблем да избориме опстанок. Секако дека важна улога тука треба да имаат и финансиите, кои иако не беа кој знае колку, но сѐ до локалните избори ги имаше. Потоа навистина беа проблем. Како да работиш и да мотивираш играчи ако пред секој тренинг главен разговор во соблекувалната е кога ќе биде платата и слично. Токму затоа и малку паднавме во финишот на мечот. Жалам и за Купот, јас имав големи амбиции во Купот, но ете, сѐ само поради новонастаните проблеми со кои се соочи Победа, испаднавме на начин на кој испаднавме со Пелистер“.

Инаку, тој е воодушевен од Прилеп, од луѓето и од навивачите на Победа.

„Претходно сакам да кажам дека наидов на одличен прием кај сите мои колеги од противничките клубови, секаде каде што гостувавме и како екипа, но и јас лично, бевме срдечно пречекани. Само на гостувањето кај Скопје си имавме проблеми. Но тоа е помалку важно, поважно е што јас дури сега се уверив зошто го викаат Прилеп најфудбалскиот град. Верувајте, сите во овој град ја обожаваат Победа, сите го сакаат фудбалот. Сите коментираат нешто за Победа. Ќе биде жалосно ако не се успее да му се помогне на овој клуб со огромна традиција и да остане во елитната лига на Македонија“, заврши Бубања.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ