Македонија

Се огласи семејството на професорката Тројачанец: Ја најдоа трагачи со кучиња

Професорката од Скопје, Снежана Тројачанец, денеска беше пронајдена мртва и извадена од водите на Вардар, откако беше пријавена од страна на семејството за исчезната пред два дена, по што цело Скопје се крена на нозе.

Семејството на професорката е скршено од болка.

– ,,За жал, потрагата заврши трагично. Мојата сопруга е пронајдена мртва, во реката Вардар, пред околу еден час. Ја најдоа трагачи со кучиња. Благодарен сум на цела земја, на сите што се вклучија во потрагата и кои ни понудија помош’’ – изјави за ,,Фокус’’ сопругот на Тројачанец.

Семејството за Фокус изјавува дека се плашеле од најлошото бидејќи Снежана еден месец се лекувала од депресија. 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ