Фудбал

Гачевски: Цела Македонија се смее на судиската лакрдија во Тетово, имате ли ум!?

Филип Гачевски

На Вардар не му беше признат чист гол во дербито со Шкендија, кое заврши со победа на тетовчани (1-0), а во име на тимот по натпреварот кратка изјава даде голманот Филип Гачевски.

Еден од вардарците со најдолг стаж во тимот истакна дека е револтиран од судењето и воедно запраша, дали се исплати да се играат дерби-мечевите во македонскиот фудбал, кога пред време му се крои судбината на најтрофејниот тим.

„Дали воопшто се исплати да се игра против Шкендија? Втор пат ни го прават истото. Би испратил апел до Фудбалската федерација на Македонија да се замислат, целата земја гледа и се смее на лакрдијата. Ова е голема срамота за фудбалот. Голема кражба. Сите што гледаа добро видоа. Никого не сакам да го навредувам, но тоа се виде убаво. Топката беше повеќе од еден метар зад линијата, а судиите се направија слепи. Не би сакал повеќе да коментирам, лут сум и револтиран“, краток беше вардаровиот голман.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top