Фудбал

СИЛЕКС НА КОЛЕНА: Победа со триумф над Кратовчани

Победа

Прилепска Победа застана во пол-позиција за местото кое носи бараж натпревар за опстанок во ПМФЛ по денешното славје против Силекс (1-0) на стадионот „Младост“ во Струмица.

Иако далеку од својот град, фудбалерите на Тони Мегленски притискаа од самиот почеток и повеќе ја посакуваа победата од својот противник, кој падна на четвртата позиција на табелата по денешната победа на Работнички. Кратовчани во последните две кола ќе имаат директна битка со Работнички за последното место кое носи излез во Европа.

По бледото издание на двата тима по првите 45 минути, следуваше брзо возбудување во второто полувреме по кое пристигна и водечкиот погодок за прилепскиот прволигаш. Голот кој ги најави трите бода го постигна Зоран Даноски во 50. минута. Од тој момент играта се префрли пред голот на домашната екипа, која имаше среќа и избегна реми благодарение на непрецизноста од белата точка на Александар Пановски. Фудбалерот на Силекс го измами голманот, но биеше само во стативата и не успеа да донесе бод за својот тим.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ