Фудбал

ПОБЕДА ремизираше во дербито со Вардар Неготино

Денес на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп се одигра дербито помеѓу ПОБЕДА и Вардар Неготино. И двете екипи влегоа со амбиции како носители во 3-тата лига Југ. Во првото полувреме смирена игра и тестирање на силите. Победа си создаваше прекрасни акции но за жал истите не ги реализираше во првото полувреме. Поради грубиот старт на еден од играчите на Вардар Неготино истиот заработи втор жолт картон, што за него значеше црвен картон.

Започна и второто полувреме со иста динамика на игра. Најнапред Дејан Здравески во неколку 100 % ситуации го загрозуваше голот на гостите, но топката никако не сакаше да заврши зад неговиот грб. Во продолжение екипата на Вардар Неготино се повлече на својата половина и едноставно како да чекаше ситуација од контра. Во 75-тата минута Тони Мегленски се закани од слободен удар, но сепак без многу проблеми за голманот на Вардар Неготино.

Утакмицата на жар доби благодарение на присуството на верната навивачка група на ПОБЕДА, “МАЈМУНИ“, како и присуството на 250-тина гостински навивачи, популарните “ВИНАРИ“.

На крајот двете екипи се задоволија со бод. Во продолжение можете да ја погледнете статистиката од целиот меч.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ