Фудбал

Пет годишната голгота на Победа заврши, Победа го избриша ЈУНИОР!

Македонскиот третолигаш Победа ги претстави засилувањата кои пристапија на прилепскиот клуб и објави дека го вратила старото име – ја избришала додавката Јуниор од името.

На денешната прес-конференција во Прилеп, претседателот на клубот Горан Хаџиристески, инаку син на поранешниот претседтел на ФФМ Харалампие, објави дека во втората полусезона славниот прилепски тим ќе се натпреварува под името Победа.

Клубот ги претстави и засилувањата за пролетниот дел на првенството на Третата лига -повратникот во клубот Нове Ацески, како и Кемал Аломеровиќ, Дејан Апостоловски и Александар Ѓорѓиевски. Победа е голем фаворит и многу веројатно наредната сезона ќе се натпреварува во Втората лига.

Да напоменеме дека во недела започнува и третата лига, каде се игра и дербито помеѓу ПОБЕДА и ВАРДАР НЕГОТИНО.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top