Елитното ЕЛ КЛАСИКО односно дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи на 22.03.2015 на Камп Ноу. ЕЛ КЛАСИКА често се возбудливи со многу атракции и многу голови. Во пресрет на ЕЛ КЛАСИКО ви доставуваме целосна листа за тоа колку чинат билетите за следење на Ел Класико на Ноу Камп.
Дефанцивецот на Барселона, ЖерардПике нагласува за добро познатиот факт и тежината која ја носи големото дерби со Реал Мадрид, преку кое може и да се одлучи шампионот во Примера.
Ни преостануваат уште 10 натпревари во лигата, меѓутоа дербито со Реал е од голема важност. Целиот тим работи напорно, и очекуваме три бода од натпреварот. Нападот е во добра форма, исто и одбраната. Екипата на Анчелоти ни доаѓа, кога не ги поминува најдобрите моменти во сезоната, но за „Ел Класико“ тоа не е важно. Најмногу треба да се чуваме од Роналдо и Бејл, кои се многу брзи и моќни фудбалери– вели дефанзивецот на „каталонците“.
Дербито се игра во недела на „Камп Ноу“, а бодовната разлика на Барселона и Реал е само еден бод. Да напоменеме дека исто така спремна е и кореографијата на навивачите на Барселона, односно 12-тиот играч.