ХавиерМаскерано стои зад одбранетиот пенал на ТерШтеген, на реванш дуелот од Лигата на Шампионите против МанчестерСити. Имено, пред да шутира “пеналџијата” Агуеро, Маскерано на својот голман со прст му покажал каде да “полета“.
На камерите тој се гледа како му посочува на голманот тој да се фрли на десната страна, местото каде што неговиот сонародник Агуеро го упати својот удар.Но и покрај фотографиите, Тер Штеген тврди дека тој не го послушал Маскерано, туку ја послушал својата интуиција.
Ми покажуваа каде да се фрлам пред пеналот. Маскерано со прст ми велеше да одам на мојата десна страна, додека Рафиња велеше да одам лево. Ме збунија, па затоа се решив да одам десно. Тоа е мојата страна и навистина ми е драго што го одбранив ударот од белата точка , вели германскиот голман.