Фудбал

„Ел Класико“ – Двобој меѓу шпанските великани

„Ел Класико“ – Двобој меѓу шпанските великани – Барселона и Реал Мадрид е еден од најгледаните мечеви ширум светот. Шпанското „Ел Класико“ овој пат ќе се игра на “Камп Ноу”, каде Барселона ќе ги пречека кралевите. Во пресрет на „Ел Класико“, фановите на Барселона спремија прекрасна кореографија.

Како што предходно потенциравне,Шпанското „Ел Класико“ е едно од најголемите и сигурно најспектакуларните дерби натпревари на планетава. Особено кога се игра на „Камп Ноу“ секогаш е зачинето со фантастична кореографија на каталонските фанови, кои се 12-от играч на Барса. Токму во тој стил ќе биде и кореографијата на ова „Ел Класико“ кое на програмата е во недела.

Во пресред на „Ел Класико“, дојде и до мало негодување од страна на фановите на “кралевите”, а истото се однесува на цената на билетите кој управата на Барса ги покачила на 111 евра по билен за гледање на „Ел Класико“ од последните редови, додека “кралевите” тоа задоволство на фановите на Барса им го овозможиле за само 79 евра.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ