Фудбал

Ракитич: “Како дете сонував за Класико, се разбира во дресот на Барселона”

Иван Ракитич даде кратко интервју за Gol TV, со оглед на престојниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Играчот од средниот ред на Барселона објасни како се чувствува по повод таа средба, но зборуваше и за други работи. Ви ја претставуваме неговата изјава во целост.

Возбудата е огромна:

Кога бев мал, сонував за оваа утакмица, но сега не е време за сонови, бидејќи тоа се случува. Сега тоа мораме да го проживееме. Му благодарам на Бог за оваа прилика, и поточно заради вакви утакмици јас сакам да работам што подобро, бидејќи знам дека нема секој привилегија да игра на вакви утакмици. Досега како фудбалски фан сум уживал во Ел Класико, преку телевизија гледајќи го со сопругата.

За Меси:

Не постои друг Меси.Тренерот соопшти дека Меси прави нешто што не можат ни видео игрите. Можеби никогаш повеќе нема да видеме таков играч затоа што тој е најдобар играч во историјата на фудбалските игри.

За Мадрид:

Се надевам дека ќе можеме да го запреме Кристијано.Тој е во фантастична форма, и психички и физички. Мадрид не е само Кристијано, ги имаат повеќе прекрасни играчи, и мораме добро да се спремиме за средбата со нив. Модрич е прекрасен човек и имам прекрасен однос со него.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ