Два часа по повредата на раката на Лео Меси на натпреварот меѓу Барселона и Севиља, пристигна официјалната информација која со соопштение ја сподели првакот на Шпанија. Аргентинецот нема скршеница, но има „хиперекстензија“ – истегнување на лигаментот на десниот лакт, кое предизвика голема болка и мораше да биде заменет во 18. минута од натпреварот.
Повредата ќе го оддалечи од фудбалските терени три недели, па нема да настапи на „Ел Класико“ и на двата натпревари со Интер во Лигата на шампионите. Стручњаците од ваков вид на повреди сметаат дека три недели се минимална пауза и многу веројатно капитенот на Барса нема да настапи скоро еден месец.
В недела на „Камп Ноу“ по повеќе од една деценија ќе гледаме „Ел Класико“ и без Меси и без Роналдо.