Фудбал

Француските хулигани дивееја низ Барселона, уапсени петмина најжестоки

Барселона и Лион

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Лион имаше предигра низ каталонските улици. Имено, пет фанови на Лион се уапсени поради хулиганизам во центарот на Барселона. Двајца од француските хулигани се пренесени во болница заради повреди, а полицијата мораше да употребува и солзавец.

Иако не беше преголем бројот на француски навивачи на ова гостување, голем дел од нив имаа сомнително минато и бројот на полицајци околу нив беше огромен.

Илјадници полицајци се справуваа со 5.000 француски хулигани на кои со сигурост ќе им биде забранет влез во Шпанија.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ