All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Кемал Аломеровиќ ново засилување на Победа во зимскиот преоден рок

Прилепска Победа е на добар пат во зимскиот преоден рок да го донесе првото големо засилување во своите редови. Станува збор за поранешниот играч на овој клуб, Кемал Аломеровиќ кој веќе неколку седмици тренира со фудбалерите на тимот од Прилеп.

Управата на овој тим се надева дека ќе успее да пронајде заеднички јазик со 35-годишниот офанзивен фудбалер, кој настапуваше за Победа минатата сезона, и беше најзаслужен за влезот на тимот во Втората фудбалска лига. Исто така, за него постои интерес и од уште неколку домашни екипи но големи се шансите тој да се врати во Победа, со што тимот со сигурност ќе добие на квалитет и триото Гешоски-Шаркоски-Аломеривиќ би требало да биде носечката сила на екипата на Дарко Крстески во пролетниот дел од сезоната.

Популарниот “Кемо” како што го нарекуваа Прилепчани и неговите соиграчи беше еден од најзаслужните кои што Победа ја вратија во втората македонска фудбалска лига, а сега се надеваме дека ќе ја овој пат ќе ја врати таму каде што и е местото – Прва лига.

ВРВОТ