Фудбал

Хрватот Јосип Срдаровиќ останува во Победа, Бразилецот Кавалиери не задоволи

Бразилецот Антонио Кавалиери нема да биде дел од прилепскиот прволигаш во новата сезона, откако стручниот штаб на Победа, по неколкудневните тестови, одлучи да не го задржи во своите редови. Тој седум дена беше на проба меѓу прилепчани, но, не успеа да ги задоволи вкусовите на стручниот штаб на Победа.

Страничниот дефанзивец Јосип Срдаровиќ ќе остане во клубот од Прилеп за следната сезона, иако и кај него е забележана физичка неподготвеност. Но, управата смета дека, сепак, би можел да биде од голема корист за тимот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top