Фудбал

Финален натпревар на турнирот “Св. Никола” 2015 – Прилеп (ФОТО)

Заврши Светиниколскиот турнир во мал фудбал. Во финалето се сретнаја најдобрите, екипите на Дени Мебел и Мите Транс. Во преполната Арена Сонце, љубителите на фудбалот уживаа во одличен фудбал и многу акција.

Екипата на Мите Транс победи со 2:1 во вечерашното финале и го освои наградниот фонд од 200 000 денари. Второпласираниот Дени Мебел освои 140 000 денари. Во натпреварот за третото место се сретнаја екипите на Кабелнет и Автоконтрол. Во регуларниот дел од натпреварот беше 1:1, а екипата на Кабелнет победи по изведувањето на пеналите со 4:3 Пред одигрнувањето на финалниот натпревар беше промовирана и новата навивачка песна “Горд навивач” на навивачката група Мајмуни.

Изминаја одлични две седници во ритамот на фудбалот. Одлична организација, добро подготвени екипи и пред се дружење го красеше овогодинешниот турнир. Традицијата продолжува и наредната година.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ