Двата великани по подолго време повторно се сретнуваат на вака елитно натпреварување. На првиот дуел во 2002 Рома успеа да издвои победа над Барселона со високи 3:0.
Но, тогашниот тим на Рома е многу далеку од овој. Од друга страна пак Барселона не знае за пораз. Дали Рома ќе ја снајди истото од пред 2 години кога на домашен терен беа демолирани од Баерн со 1-7 или Рома има квалитет достоинствено да и се спротистави на силната и желна за победа, Барселона.
Барса ќе ја започне одбраната на титулата од Рим, во одлична форма е во домашното првенство и особено голгетерски расположената Барселона може да му зададе големи главоболки на голманот на Рома. Но, тука оставаме простор за изненадувања .. Што мислите Вие дали е можно Рома да го изненади гигантот Барселона ?! Останува вечерва да видиме.