Фудбал

Што ли само праваше Тер Штеген (ВИДЕО)

Барселона и Рома одиграа без победник 1:1 во првото коло од ЛШ, но натпреварот го одбележа неверојатниот гол на Флоренци.Италијанскиот репрезентативец го матираше Тер Штеген од 50-ина метри и сигурно ќе конкурира за најубав гол на годината.

Фудбалерот од средниот ред на Рома го начека празен голот на Барселона и откако Тер Штеген излезе понапред од што треба, во 31 минута го израмни резултат против Барселона за ерупција од воодушевување на Олимпико во Рим. Голот за Барса го даде Суарез 10 минути претходно.

Иако во текот на целиот меч, екипата на Рома едвај успеваше да ја мине средината сепак среќно успеа да издвои реми со големиот гигант Барселона. Барселона има за што да жали за бројните неискористени шанси како и големиот кикс на Тер Штеген. 

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ