Музика

Саша Ковачевиќ со нова песна “Živim da te volim”

После неверојатниот успех кој го постигна со песната “RođendanСаша Ковачевиќ своите обожаватели ќе ги израдува со уште една нова песна со наслов “Živim da te volim”.

Во наредните 7 дена на публиката ќе им го пртстави еден од спотовите кој ги снимаше летово на Тајланд. Се работи за баладата “Živim da te volim” која сме сигурни дека ќе постигне голем успех, како и сите досегашни негови песни.

Саша Ковачевиќ дефинитивно во Новата година ќе влезе како еден од најуспешните пејачи за 2015 бидејќи со песните “Gde smo moja ljubavi”, “Rano je” i “Rođendan”, направи бум а доказ за тоа се милионските прегледи на YouTube. Ни преостанува да почекаме уште неколку дена за да го погледнеме новиот видео запис и да ја слушнеме песната.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ