Феноменалниот Ален Хасановиќ синоќа растури на „Ѕвездите на Гранд“. Ова младо и харизматично момче од Прилеп oд емисија во емисија е се подобар и подобар.
Ален Хасановиќ успеа да се пласира во шестиот круг од натпреварувањето на „Ѕвездите на Гранд“. Ален е единствениот Македонец кој успеа да се пласира во понатамошното натпреварување, додека на останатите да им посакаме среќа во баражната емисија која ќе биде во четврток.
Тој е сè поблиску до големото финале на шоуто, а чекор поблиску направи со песните „Тајно моја“ на Тоше Проески и „Остани“ на Здравко Чолиќ и доби пет поените од жирито.
Кога се во прашање македонците, а во овој случај Ален, жирито имаше само пофални зборови. Интересно е што строгиот Босанац овој пат многу го пофали и го нарече Крали Марко од Прилеп и му потенцира дека многу беше подобар од неговиот противник, Харун.