Во пресрет на снимањата за новата сезона, продукцијата „Гранд“ го одржа ветувањето и започна со работа на новата песна на нашиот Ален Хасановиќ, харизматичното момче од Прилеп кое успеа го воодушеви целиот регион со својот талент за пеење.
Имено, откако добро се одмори и уживаше во луксузен одмор кај јужниот сосед, нашиот популарен пејач АленХасановиќ замина во Белград каде што во студиото на неговата матична продукција „Гранд“ ја снима новата песна која ќе го носи насловот „Хајделоми“. Зад песната како автори се потпишуваат хитмејкерите ДрагишаБаша (музика и текст) и ДејанАбадиќ (аранжман).
Сумата која продукцијата ќе им ја исплати на авторите за изработка на песната изнесува околу 8.000 евра, а за неа планиран е и видеозапис.
Премиерно за вас новиот хит “Хајделоми“. Уживајте !!!