Саботна шема

Тамара, Тијана, Игор Џамбазов и Владо Јаневски ја вжештија атмосверата, а “Хладно пиво” ја разлади на “Пиво Фест 2014”

Вчерашниот ден само ги потврди очекувањата за овогодинешниот Пивофест во Прилеп. Градот е преполн со посетители, веќе со денови сите сместувачки капацитети се полни а во градот нема место каде игла да се фрли.


Откако првата вечер помина со рекордна посетеност досега, прилепскиот Пивофест понуди одлична програма и синоќа.Синоќа многубројните посетители уживаа во перформансите на сестрите Тијана и Тамара, а по нив настапи уметничкиот ветеран Игор Џамбазов. Македонскиот романтичар Владо Јаневски со својата изведба ги разгали срцата на посетителите.

„Од седум до седумдесет и седум“ – публиката се забавуваше со репертоарот сестрите Тијана и Тамара, шоуменот Игор Џамбазов, неповторливиот Владо Јаневски и одличните бендови Guru Hare Band и Hladno Pivo.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ