Саботна шема

Меѓународен карневал во Прилеп „Прочка 2015“ (ФОТО)

ПОРАКА“ И „ПРИЛЕПСКА ТУТУНАРКА“ НАЈДОБРИ МАСКИ НА КАРНЕВАЛОТ ПРОЧКА2015. Стручното жири на четиринаесетиот Меѓународен карневал во Прилеп „Прочка 2015“ ги прогласи најдобрите групни и поединечни маски на карневалот.

Жирито во состав Ели Милошеска етнолог, Тони Чатлески ликовен уметник и Марјан Матракоски од локалната самоуправа за најдобра маска на Карневалот ја прогласи маската „Порака“ на учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Прилеп. А најдобра самостојна маска на Картневалот е маската „Прилепска тутунарка“.

Во категоријата за возрасни групни маски, според жирито, како што соопштува етнологот Ели Милошеска, најдобра традиционална е маската „Прочкари“, а најдобра современа е маската „Крали Марко и Црна Арапина“.

Во категоријата детски групни маски, најдобра традиционална е маската „Веселата ливада“ на учениците од основното училиште „Рампо Левката“ од Прилеп, а најдобра детска современа е маската „Лов без улов“ на учениците од основното училиште „Блаже Конески“. Доделени се вкупно 15 награди и тие ќе бидат доделени на вечерашната карневалска забава во хотелот „Сонце“ во Прилеп.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ