Здравје

11 причини зошто да вежбате наутро

Можеби помислувате дека последно нешто што ви паѓа на памет е рано наутро е да вежбате, додека едвај се одвојувате од креветот. Сите се залажуваат со тоа дека вечерта пред спиење ќе вежбаат или кога времето би било поладно или потопло.


1. Ќе се чувствувате исполнето Може и ништо друго да не направите до крајот на денот, а повторно ќе се чувствувате исполнето, затоа што денот сте го започнале со вежбање.

2. Ќе ја засакате здравата храна Откако ќе почнете со вежбање, потоа нема да мора да јадете здрава храна, туку и самите ќе ја сакате. Салатата ќе ви биде доволно за да се чувствувате и сито и енергично.

3. Помалку стрес на работа Сигурно повеќе ќе извежбате наутро, отколку ако тоа го одложите за подоцна. Ќе чувствувате помалку стрес кога ќе стигнете на работа, па дури и да останете подоцна да работите, сè уште ќе бидете смирени и со доволно енергија. Луѓето кои вежбаат имаат подобар животен баланс.

4. Утринско кафе за подобро вежбање Кафето наутро пред да почнете да вежбате ќе ви даде дополнителна енергија. Со тоа ќе си ја зголемите и брзината, а може да ви помогне и во согорувањето повеќе калории. Но, внимавајте да не претерате со кофеинот, па да си предизвикате контра ефект.

5. Нема да го избегнувате појадокот Бидејќи ќе ви биде потребна енергија пред или по утринското вежбање, појадокот како најважен оброк кој претходно го прескокнувавте, сега нема да може да го избегнете. Тоа ќе ви даде енергија за почеток на денот.

6. Ќе имате поубава коса Ако ја измиете косата после вежбањето ќе ви биде чиста, сјајна и бујна, ако ја соберете во пунџа ќе добиете супер прибрана фризура со која може да го продолжите денот.

7. Може да согорите повеќе масти Иако сè уште има многу спротивставени мислења за тоа дали е подобро да се вежба со полн или празен стомак. Повеќето студии покажуваат дека доколку вежбате на празен стомак може да согорите и до 20 % повеќе масти. Но, по вежбањето задолжително треба да каснете нешто пред да го почнете работниот ден. На тој начин ќе го забрзате метаболизмот.

8. Ќе го започнете денот во одлично расположение Дури и да не се разбудите во најдобра состојба, после утринското вежбање ќе се чувствувате посебно добро, расположено и насмеано.

9. Ќе имате повеќе енергија за време на вежбањето Ако добро размислите ќе сфатите дека сигурно наутро, после спиењето, иако се чувствувате поспано, ќе имате повеќе енергија за да вежбате, отколку ако тоа го правите после целиот поминат работен ден.

10. Кожата природно ќе ви блеска После вежбањето кожата е свежа и сјајна, телото е веќе раздвижено и енергично, па според тоа го нема веќе уморниот изглед, туку лицето ви блеска и без шминка.

11. Подобар социјален живот Доколку вежбате сами имате можност да запознаете и други луѓе кои вежбаат во тој период. Поотворени сте за комуникација, а и денот е пред вас, па по вежбањето може да продолжите заедно на појадок или да се договорите за следна средба.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top