Доколку се грижиме за правилната исхрана, првенствено поради здравствени причини, а потоа и заради добриот изглед, често ќе се запрашаме што да јадеме за вечера, а особено кога ќе се вратиме дома гладни по квалитетен тренинг и исцрпувачки работен ден.
Како да го задоволиме празниот желудник, а истовремено со паметен избор на намирници да им ја вратиме на мускулите енергијата потрошени на тренингот?
Следат два рецепти за здрави вечерни оброци за кои се потребно максимум 15 минути подготовка.
1.ПАЛЕНТА СО РАСТОПЕНА МОЦАРЕЛА И СУСАМ, ПРЕЛИЕНА СО СОС ОД ДОМАТИ
При првото спомнување на палента, на повеќето од нас пред очи ни доаѓа сцената на палента со кисело млеко, оброк кој неодоливо нè потсетува на нашето детство, но не станува ни приближно збор за истиот оброк! Палентата е намирница со богата хранлива вредност, која во една порција (отприлика 60 g сварена палента) содржи се на се само 44 kcal. Таа е богата со бета каротин, провитамин А и други витамини и минерали.
Исто така, палентата претставува многу добар извор на тиамин (витамин Б1), кој го зајакнува имунитетот и му помага на телото да ја претвори храната во енергија и да се справи со стресот. Богатството од растителни влакна ја прави палентата особено важна прехранбена намирница, а нејзините корисен ефекти се поврзуваат со здравјето на кардиоваскуларниот систем, превенцијата од канцерогени и вирусни болести и подобрувањето на когнитивните функции.
Палентата се прави од пченка, поточно од грубо мелено пченично брашно (жолто, црвено или бело) сварено во вода. Доколку употребиме помали количини на вода во која се вари пченкарното брашно, се добива подебела смеса, и доколку додадеме поголеми количини вода, палентата ќе биде поретка.
Потребни состојки:
- 60 g жолта палента
- 50 g моцарела
- 1 dl сос од домати маслиново масло (една голема лажица)
- сусам (две кафени лажички) сол
2. САЛАТА ОД ТУНА И СУСАМ
Токму сусамот како зачин и дава посебен вкус на оваа класична салата, и секако дека би требало да го испробате! Претставува богат извор на витамини и минерали, а 100 g сушен сусам содржи 11,8 g влакна и 714 мг фитостерол кој го намалува нивото на холестерол во крвта. Сусамот е одличен извор на бакар, манган, калциум, магнезиум, железо, фосфор, цинк, и е добар извор на селен.
Може да се најде во бела, кафеава или црна боја. На сите им е веќе познато дека туната во конзерва е немасен протеински извор кој ќе ги нахрани вашите мускули после напорен тренинг.
Потребни состојки:
- Свежа сезонска салата Туна во конзерва (претходно исцедена, 50 g)
- Ајдамер сирење (50 g)
- Сусам (2 мали лажички)
- Оцет Балсамико (2 големи лажици)
- Маслиново масло (2 големи лажици)