Технологија

Google ја купи финската старт-ап компанија Draw Elements

Американскиот информатички гигант Google ја купи финската компанија Draw Elements, која нуди алатки за тестирање на перформанси и стабилност на графичките процесори OpenGL ES и OpenCL.


На интернет страницата на старт – ап компанијата Draw Elements се наведува дека нејзините соработници наскоро би требало да почнат да работат со екипа задолжена за оперативниот систем Android за ја интегрираат нивната технологија во развојната алатка CTS – Compatibility test suite.

Цената на купувањето на овој фински старт – ап може да надмине 10 милиони долари. Drow Elements е основана во 2008 година во Хелсинки.Googlе купи околу десет компании од почетокот на годината, што говори за нејзината моќ и потреба за дисперзирање на работата во повеќе сегменти.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ