Забава

Најпознати знаменитости во Италија!

Постојат некои дестинации во светот кои се поврзани со одредени легенди. Ова се некои од нив: Мостот на воздишките Мостот на воздишките е еден од многуте мостови во Венеција и е еден од најпознатите. Според локалната легенда, вљубените ја зацврстуваат љубовта ако се бакнат во гондола под мостот на зајдисонце.

Бронзена статуа на Јулија Најголемата љубовна приказна на сите времиња, Ромео и Јулија, Вилјам Шекспир ја напишал на северот од Италија, во Верона. Постојат многу дебати за тоа дали вљубените навистина постоеле, но тоа не спречува илјадници туристи од целиот свет да ја видат куќата на Јулија, односно терасата на куќата. Во внатрешниот двор се наоѓа бронзена статуа на Јулија во природна големина. Иако нејзиното потекло не е утврдено, за неа се поврзани необичени верувања. Се верува дека секој посетител што сака да има среќа во љубовта треба да ја допре десната града и да ја замисли својата љубовна желба. Ова верување важи за момчињата, но со текот на времето почнало да важи и за девојчињата. Ако момче и девојка истовремено го направат тоа, се верува дека ќе останат заедно засекогаш.

Писмата на Јулија За да се оствари желба, се верува дека треба да се напише љубовна порака. Со децении пораки на љубовта се оставале лево или десно на ѕид во дворот на куќата. Секоја година илјадници писма пристигнуваат до куќата на Јулија.

Тунел на љубовта Во Ровненската област во Украина постои еден дел од железницата каде што вегетацијата формирала тунел, кој привлекува туристи и вљубени двојки од различни краеви на светот. Многумина со право го сметаат за најромантично место на светот и веруваат дека тоа место исполнува желби.

Катанци на љубовта Со години вљубени двојки заклучуваат катанци на љубовта на кои се напишани датумите и нивните имиња. Катанците се заклучуваат, а клучевите се фрлаат во реката или на друго место каде што никој не може да ги пронајде. Според верувањата, вака се зацврстувала љубовта меѓу двајца млади. Еден ваков мост е Мостот на љубовта во Врњачка Бања, а еден од најпознатите вакви мостови се наоѓа во Париз.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ