All for Joomla All for Webmasters
Љубов и секс

Љубовни цитати од ГОЛЕМИ ДЕЛА

За љубов се воделе војни, се менувал светот, се пишувале книги. Илијадници страници натопени со солзите на љубовниците, странции на кои се излеани копнежите, страстите и чувствата кои ја печат душата за заљубените.

Големите писатели, создале маестрални дела благодарение на љубовта. Ова се неколку романтични цитати од големи литературни дела: „Се поттргна, обидувајќи се да не гледа долго во неа, небаре таа беше сонце. Сепак ја виде, исто како сонцето, без да мора да погледне во неа“ – Лав Толстој, Ана Каренина „Треба да бидеш бакнуван, и тоа често од некој кој знае како“ – Маргарет Мичел, Однесено од ветрот „Заљубувањето е привремено лудило. Доаѓа како земјотрес и потоа стишува. Кога ќе се стиши морате да одлучите. Морате да сфатите дали ќе се заплеткате еден со друг, до толку што разделбата ќе биде незамислива. Бидејќи тоа е љубовта. Љубовта не е губење на здивот, не е возбуда, ниту желба секоја секунда да ја поминеш со љубениот.

Љубовта не е лежење навечер и замислување дека ти го бакнува секој дел од телот. Не…не се зацрвенувај. Ти ја кажувам само вистината. Бидејќи тоа значи да љубиш, кога заљубеноста ќе согори. Не звучи многу возбудливо, нели? Но, така е!“ – Луис де Берниер, Мандолината на Капетанот Корели „Посакувам да знаев како да се откажам од тебе“ – Ени Проул, Планината Броукбек „Да сакаш или да си сакал е доволно.

Не барај ништо повеќе. Нема друг бисер во темнината на животот.“ Виктор Иго, Клетници “Не сум посебен, за ова сум сигурен. Јас сум обичен човек со обични мисли и со обичен живот. За мене немаат издигнато споменици и моето име набрзо ќе биде заборавено, но јас љубев со целото мое срце и душа и оваа љубов за мене од секогаш била доволна.” – Николас Спаркс, Страници за нашата љубов „Не можам да јадам, ниту да пијам, ниту да спијам: ниту пак , што е уште полошо, неможам да сакам ниту една друга жена освен нејзе“ Самуел Ричардсон, Клариса „Без разлика од што се направени душите, мојата и неговата се едно исто“ – Емили Бронте, Оркански височоини „Душите се среќаваат на усните на љубовниците“ Перси Биш Шели, Окованиот Прометеј „Не смеам да ти дозволам да ме изгориш, а ниту можам да ти одолеам.

Ниту едно човечко суштество не може да стои во оган, а да не изгори“ Антонија Сузан Бајт, Сопственост „Тој беше мојот север, мојот југ, мојот исток, мојот запад, мојата работна недела, мојот неделен одмор“ В.Х Ауден, Часовници

ВРВОТ