Свет

Каталонија се осамостои! Еве како тоа ќе се одрази на Барселона и Леванте!

Каталонскиот парламент денеска во попладневните часови ја прогласи Каталонија за независна држава. Кога станува збор за спортот, зад сето ова политичко превирање, се поставува едно големо прашање – и што сега? Што ќе биде со натпреварувањата, тимовите, националните селекции?

Ситуацијата воопшто не е наивна, но едно е сигурно – едностраната прогласена независност не значи дека од утре ќе се смени сѐ, ниту дека каталонските спортисти и клубови сега ќе играат каде сакаат и како сакаат. Тој процес на одвојување од Шпанија, ако воопшто дојде до тоа, ќе трае доста долго.

Првичните проценки се цели шест години, а во наредните месеци сигурно нема да има никакви исфрлувања од натпреварувањата. Фудбалот е она што луѓето најмногу ги интересира, односно судбината на Барселона. Од тој клуб испратија јасна порака, тие сакаат да продолжат да играат во Примера, но јасно е дека одлуката треба да ја донесе лигата. Сега за сега сигурно е дека актуелната сезона ќе продолжи по планот и дека така ќе биде сѐ додека каталонската фудбалска федерација не почне да ги бара своите права кон УЕФА и ФИФА.

Според шпанскиот закон за спорт и тимови од „странски“ држави, не е можно екипи од други држави да се натпреваруваат во шпански лиги, освен од Андора, па доколку тековниот процес продолжи да трае, а владата на Шпанија го применува законот, сите каталонски екипи и спортисти ќе бидат исклучени од постоечките шпански лиги.

Во меѓувреме, Каталонците нема да можат да играат во европските натпреварувања, барем не додека официјално не ги признае, за почеток УЕФА.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ