Македонија

Започна традиционалниот Вевчански карневал 2015 (ФОТО)

Стотици вевчанци, маскирани во најразлични маски и костими, денеска попладне продефилираа низ Вевчани и на најубав можен начин го одбележаа првиот ден од познатиот и традиционален Вевчански карневал.

На отворањето на најпознатиот карневал во Македонија присуствуваа неколку илјади посетители, а меѓу нив можеше да се забележат и многу политичари, амбасадори и други познати јавни личности. Воедно најмалиот тапанар на карневалот беше Даниел Баткоски.

Екипата на Баркод.мк беше во Вевчани од каде што ви ја доловуваме прекрасната атмосвера низ фотографии, а наскоро ќе биде објавено и видео.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ