All for Joomla All for Webmasters
Македонија

XAKEPCKИ HAПAД НА САЈТОТ НА ИЗБИРАЧКИ СПИСОК: Украден единствениот избирачки список, се продава на руски хакерски сајт

Датабазата со преку еден милион имиња, адреси и останати податоци за гласачите се продава на интернет, а истата се рекламира на руски сајт за хакерски „услуги“ дознава Инфомакс.


„Јас пакистански хакер, продавам голема база од сајтот “izbirackispisok.gov.mk” со преку 1 милион запишани. Во него има имиња, презимиња, дати на раѓање, фотографии, уверенија, адреса, град. Цена во приватни пораки. Фотографија од базата како доказ“ – пишува во огласот објавен на руски хакерски форум.

Претходно од Државната изборна комисија објавија дека се соочуваат со технички пoтeшкoтии во нивниот систем, а претседателот на ДИК Оливер Дерковски објасни дека можен е хакерски напад.

Од штaбoт на кампањата на еден од кандидатите за претседател пак, на три дена пред изборите објавија дека откриле скандал наречен „Големото око“ во кој една политичка партија со помош на мобилна апликација прибирале и незаконски складирале лични податоци на граѓани и гласачи.

Според информациите објавени на форумот, украдената е целата база на податоци на гласачи запишани во единствениот избирачки список.

ВРВОТ