На 06.07.2018 година во 17,20 часот во Прилеп, на ул.„Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Дачиа Докер“ со српски регистарски ознаки управувано од Ј.Б.(44) од Србија,и мопед „Априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.М. (34) од Прилеп. Во незгодата М.М.се здобил со тешки телесни повреди по што е пренесен во Градска болница-Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Прилеп.