All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Тешка сообраќајка во Прилеп: Моторциклист итно пренесен на Ургентен во Скопје

На 19.10.2018 година во 16,20 часот било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од улицата „Егејска“ и улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Априлија“ со прилепски регистерски таблици управуван од М.Ѓ.(18) од Прилеп и патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистерски таблици, управувано од А.Т.(25) од Прилеп.

Во незгодата М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Градската болница во Прилеп бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

ВРВОТ