Утрово во 7:55 часот на патот Битола Прилеп се случила тешка сообраќајка. Од битолската полиција засега потврдуваат дека сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило и товарно моторно возило, а во моментот на местото на настанот е излезен и јавен обвинител.
Увидна екипа на СВР Битола врши увид на самото место. Засега не е познато дали има жртви во сообраќајката или не. Очевидци за Шеталиште велат дека во момнтот на несреќата имало и возила на Службата за итна помош и противпожарно возило затоа што од едно од возилата излегувало пламен. Една од можните причини е и густата магла.