Македонија

СОУ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ НА ЕДНОМЕСЕЧНА ОБУКА И ПРАКСА ВО РОМАНИЈА

Како што дознава Баркод, дваесет ученици од Средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров“, заедно со две професорки, во периодот од 14 ноември до 14 декември оваа година ќе имаат можност да следат обука и да бидат вклучени во работа во реномирана конфекциска фирма во градот Сату Маре, Република Романија .

Проектот ,,Низ пракса – до подобри вештини‘‘ (Through practice to better skills) има за цел да ги развие и усоврши вештините и способностите на учениците во дизајнирањето, конструкцијата и изработката на облека, да ја поттикне креативната работа со текстилните материјали преку стекнување и разменување искуства со романски ученици и професори. Овој проект е поддржан од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и финансиран од програмата Еразмус +. Учениците ќе се вратат со проширени видици за една друга земја, нејзината култура, луѓе кои живеат во неа, но и начини на работа и поголемо познавање на англискиот јазик. Ќе добијат европски сертификати за стручна усовршеност и оспособеност. Сето ова е од непроценливо значење за овие млади луѓе, пред кои се отвораат европски перспективи, како и за нашето училиште како активен субјект во спроведување голем број проекти за афирмирање на знаењето, стручноста и комуникативноста на учениците.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ