Учениците од СОУ “Ѓорче Петров во текот на неколкучасовната посета добија информација и за специфичните операции кои се прават овде, за илјадници пациенти од земјата и странство кои овде нашле спас за здравствениот проблем.
Дознаа и за специфични случаи, се запознаа со новитетите во болница кои се однесуваат на генетската лабараторија, како и за други уникатни услуги и специфики на концептот на болницата.
Ученциите беа воодушевени најнапред од грандиозноста на болницата, а секако и од љубезноста од персоналот, како и функционалната и организираноста на целокупнит систем во болницата. „Кога од влезната врата влеговме во болницата не воодушеви големината и уникатноста на објектот, атмосферата која потсетува на хотел, а не на болница.
„Годинешната посета во болницата “Филип Втори“ е поинаква и различна од претходните три посети со учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ од Прилеп“, зборуваа професорките од медицинската струка. Добредојде на групата учениците од трета година и нивните професори им посака главната сестра Александра Темелковска, која ги запозна генерално со начинот на организацијата и функционирање на болницата.
Заедно посетија низа одделенија, им зборуваше за специфичностите и уникатноста за секој оддел, за амбулансткиот и дијангностичкиот центар, како и за апаратурата, а ја потенцираше и стручноста на докторите и медицинскиот персонал. Таа споделуваше искуства со нив, а секако им даде и неколку препораки за во иднина.
Еден ден би сакале и ние да работиме во ваква болница каква до сега не сме имале можност да видиме. Единствено, на телевизија“ воодушевено зборуваа учениците. “Или нешто слично во Словенија“, доплони една ученичка.
-Во нашата работа секогаш одиме по т.н. медицинска жица. Затоа, комуникација е најважната работа, мора да градите отворен однос со пациентите, им препорача сестра Александра.