Музика

За Тоше Проески…

Се сеќавам на тоа кобно утро. Се сеќавам како да беше вчера. Многу болно ја примив веста за твојата смрт. Толку проклето ме болеше душата како кога ти го одземаат она најдоброто, најубавото што е дар од Бога.

Бев бесна, бев лута. Шетав наоколу и несакав да поверувам, несакав да слушам на вестите. Ова не може да биде вистина, како е можно вакво нешто? Зошто е се толку сурово? Зошто не се враќа времето за да можеме да смениме некои работи. За да не дозволиме да те изгубиме…

Затоа што ти беше човекот кој имаше љубов за сите, единствениот човек што успеваше на чуден начин да го сплоти народот, и да не научи како се сака! И затоа сите те сакаме голем човеку! Секогаш кога ќе пуштиме твоја песна, ќе си пуштиме и солзи на лицето, кожата ќе ни се ежи, срцето ќе ни трепери!

Со векови ќе се зборува за тебе затоа што ти си вечен! Засекогаш!

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ