Македонија

Со 61 глас За, пратениците го поддржаа Договорот со Бугарија

Со вкупно 61 глас ЗА и еден воздржан, пратениците денеска го поддржаа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ денеска не беа присутни на работата на Собранието. Образложувајќи ја важноста на Договорот, министерот за надворешни работи, Никола Димитров во неговото обраќање истакна дека овој договор ги покрива најважните националнио интереси и дека денешниот ден има симболика, бидејќи на тој ден Бугарија ја призна Македонија.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право. Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете министерства за надворешни работи и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Покрај заедничко чествување на празниците, со Договорот е предвидена соработка пред меѓународните институции на чело со Обединетите нации и Советот на Европа, соработка на полето на инвестициите, економијата, царината, туризмот, спортот, образованието, културата. Со Договорот, кој веќе е ратификуван од Бугарскиот парламент, Бугарија се обврза дека ќе ја помага Македонија на патот за членство во ЕУ и НАТО.

Македонија се обврзува дека ништо од нашиот Устав не може и не треба да се толкува како мешање во внатрешните работи на Бугарија со цел заштита и правата на лица што не се државјани на Македонија.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ