All for Joomla All for Webmasters
Македонија

ПУКАЊЕ ВО СТРУМИЧКО НОВО СЕЛО: Силна престрелка на ранчот на градоначалникот на општина Ново Село – бугарската полиција на готовс!

Престрелка со автоматско оружје вечерва ги потресе жителите на општина Ново Село.

Пред половина час граѓаните на с.Бадолен од Ново Село ја известија нашата редакција дека се случила страшна пресметка помеѓу две спротивставени криминални групи.

Алармот е вклучен и меѓу бугарската погранична полиција која најавила зголмување на борбената готовност долж граничната линија. Паника од мафијашките пресметки има од двете страни на границата. Граѓаните информираат дека најверојатно се работи за криминални групи кои се занимаваат со прекуграничен шверц на цигари.

Како што велат мештаните, престрелката се случувала во близина на приватниот ранч на градоначалникот на Ново Село од редовите на СДСМ Боро Стојчев, кој исто така е забележан како се движи со две возила, а во насока на престрелата се упатиле и голем број на полициски сили и амбулантни возила, како и началникот на струмичката полиција.

Граѓаните се исплашени и очекуваат информации од полицијата за престрелката, како што велат сите се затворени во своите домови и се плашат за својата безбедност.

Според информации на Инфомакс, постоеле сериозни индиции дека градоначалникот најверојатно е инволвиран во нелегални активности. Според извори на Инфомакс од полицијата, градоначалникот бил предмет на полициска истрага, но пријави биле процесуирани против неговата сопруга и роднини кои фигурирале како управители на фирмите. Наводно, тој успевал да се прикрие, а истрагите прекинале по доаѓањето на власт на СДСМ и влегувањето на Спасовски во МВР.

Градоначалникот Боро Стојчев важи и за близок пријател со Заев, но од друга страна актуелниот директор на БЈБ се смета за човек на Шеќеринска, кој не ретко знае да постапи и надвор од насоките на Спасовски.

Инфомакс, успеа да добие и фотографија од дел од заплената на цигарите спремни за шверц.

ИЗВОР: ИНФОМАКС

ВРВОТ