Македонија

Предупредување: Опасниот азиски стршлен долета и во Прилеп

Уште еден сомнителен инсект пронајден во Македонија. Во вчерашниот пазар професор од Прилеп меѓу купените пиперки пронашол необичен инсект за кој смета дека е примерок од опасниот азиски стршлен. Случајно, професорот Миле Ѓорѓиоски е добар познавач на инсектите.

Тој вели дека досега повеќе пати имал блиски средби со стршлени, но од овој вид прв пат видел вчераутро. Стршлените се опасни и за луѓето кои не се алергични, велат лекарите. Оние што ќе бидат каснати треба веднаш да побараат лекарска помош. Од убод на азиски стршлен само во Франција починале шест луѓе. Во Европа прв пат е забележан пред 9 години во Франција, оттаму се проширил во Велика Британија, Шпанија, Италија, Словенија, а сега како резултат на климатските промени и поплавите се прошири и кај нас.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ