Љубов и секс

…Едноставно го сакам…

Да, ете сум пред прагот на новата љубов.


После толку страдање дали повторно сум онаа старата која почнува повторно да заздравува од љубовните рани? Можеби, но ете се издигнувам, закрепнувам, станувам појака личност, а сепак во мене ги има оние лоши мисли: Што ако не успеам? Што ако тој не чувствува исто како и јас? Дали повторно ќе бидам онаа разочарана и повредена девојка? Или пак можеби се лажам.. Тој е толку далеку, а чинам блиску до мене го чувствувам, ми недостига неговиот мирис како во сон ја гледам неговата насмевка и го слушам неговиот глас се посилно и посилно одекнува во мојата глава. Се заљубувам во човекот кој го сретнав случајно сосема случајно. Дали ова би го нарекла љубов или само потреба? Гледајќи го секој ден низ големата толпа луѓе во градот станав зависна за тие очи, за таа слатка насмевка, за тој прекрасен став што го поседуваше само тој и никој друг. Како и да ја наречам оваа љубов случајна, намерна или можеби возвишена сепак ја чувствувам неизмерно можеби безнадежно, но сепак ме исполнува целосно.

Да, можеби многу работи оставив недокажани за него, но еден ден се надевам дека тој ќе биди човекот што ќе ме врати во живот исполнет со љубов…
П.С Затоа ти ќе ми бидеш пријател кого вечно ќе го сакам.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ