All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Од 16-ти јули започнува 13-иот Фестивал на пивото – Прилеп 2015

По тринаесетти пат од 16-ти до 19-ти јули Прилеп покрај богатата понуда на пиво и скара, на посетителите ќе им понуди уживање во изведбите на естрадните забавувачи од разни жанрови, кои треба да ги задоволат сите генерациски вкусови, а градските власти тврдат дека она што со сигурност може да се гарантира е одлична забава за која ќе се зборува цела година.

Богата програма за време на четирите фестивалски денови ќе имаат можност да проследат посетителите на овогодинешниот тринаесетти по ред „Фестивал на пивото“. Забавата оваа година е резервирана од 16-ти до 19-ти јули, а како нејзини водители се Маријана Стојановска и Жарко Димитриоски.

Во четврток посетителите ќе ги забавуваат Слаткаристика, Љубојна, Саша Коваќевиќ , DJ Славе, Мето, Мартин и Синиша. Во петокот свој настап ќе имаат Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво казалиште. Во саботата настапува македонскиот фолк изведувач Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, додека, пак, во неделата ќе настапат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.

Организаторите, прилепските градски власти, најавуваат дека и годинава нема да изостанат придружни манифестации со кои ќе се анимираат посетителите во градот под Марковите Кули, а за авантуристите предвидено е и бесплатно кампување на Могилата

ИЗВОР: МАКФАКС

ВРВОТ